Путин е човек на годината

за огромно мнозинство Руси

Москва, 16 декември 2014 (МИА) -  За повеќето Руси претседателот Владимир Путин е човек на годината, покажува анкетата на Фондот „Општествено мнение“, цитирана од ТАСС.

Политиколозите овој резултат го објаснуваат со високото ниво на доверба што шефот на државата го има по успешната Олимпијада во Сочи и приклучувањето на Крим.

Истражувањето е направено во периодот 6-7 декември со учество на 1.500 лица и денеска беше претставено од шефот на Фондот, Александар Ослон.

За Путин како личност на годината се изјасниле дури 68 отсто од анкетираните, додека другите политичари имаат поддршка од еден до четири отсто.

Настан на годината во светски рамки според 41 процент од анектираните се случувањата во Украина.

Настан на годината во самата Русија е приклучувањето на Крим, по што следат Игрите во Сочи.

Според мислењето на Алексеј Зудин, член на експертскиот совет на
Институтот за социјално-економски и политички истражувања (Фондот ИСЕПИ), изборот на Путин за човек на годината е очекуван и
закономерен резултат, што се должи на два фактора. Првиот е неспорно високото ниво на општествена поддршка во земјата, која суштински се зголемуваше во текот на годината. Вториот се должи на настаните што ја променија и Русија, и целиот свет, како што е враќањето на Крим и Севастопољ.

Според Зудин, Путин се претвори во гарант на правата и интересите на рускојазичното население во југоисточниот дел на Украина, и во исто време тој го спречи вклучувањето на Русија во украинскиот внатрешен конфликт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...