Обвинувањата за „тортура“ од британските војници во Ирак биле измислени

Лондон,19 декември 2014 (МИА) - Обвинувањата за тоа дека британските војници од контингетот во Ирак,во време на интервенцијата во оваа земја од пред повеќе од 11 години,за „тортура и убиства„ врз затворени ирачки цивили,биле намерно измислени и лажни,заклучи истрагата за овој случај што траеше безмалку една деценија.


Не се најдени никакви докази дека имало такви случаи,поради што десетици британски војници  мораа десет години да докажуваат дека се невини и да го бранат својот углед,иако се знаело дека тие не направиле ништо незаконско и против војничките правила.

Во острото соопштене на британското Министерство за одбрана се критикуваат адвокатите за заштита на човековите права од една лондонска правна фирма,кои насила и вештачки го одржувале целиот случај,бранејќи ги Ирачаните,наводни жртви на насилство од британските војници.

Развлечениот процес ја чинеше британската државна каза 31 милион фунти,но лондоснките медиуми инсистираат дека станува збор за „правна фарса„ која повеќе никогаш не треба да се повтори.

Според медиумите,сега треба да се утврди кој и зошто ги градеше обвинувањата против Велика Британија и нејзините војници,со тврдењето дека се вршеле насилства,иако се знаело дека британската воена полиција,како и Меѓународниот Црвен Крст потврдиле,секој за себе спроведувајќи истрага,дека немало сличаин на убивање на затворени Ирачани.

Продолженото одржување во „живот„ на случај за кој немало основа,се смета дека имало за цел да се извалка угледот на британската армија,а посебно на војниците кои во време на отворањето на „случајот„ се наоѓаа во Ирак во рамките на мисијата што ја извршуваа.
Левичарските,антивоените и либералните кругови во британската јавност,како и ним блиските медиуми ги користеа овие обвинувања против војската за да се има „материјал„ за осуда на американско-британската интервенција од март 2003 година,со која беше тргнат од власт Садам Хусеин.

Во тоа време,лондонски „Дејли Мирор„ објави откритија дека британски војници тепаат заробени Ирачани,сето тоа илустрирајќи го со „тајно снимени„ фотографии,кое предизвика гневна реаакција на антивоено определаната јавност.Но се покажа дека целата новинска приказна е лажна и измислена.Немало никаква тортура,а снимките што тоа го „илустрираа„ биле направени во воен камион, во една напуштена воена касарна во Англија,со помош на изнајмени статисти.

Новинската комапнија „Мирор„ го казни главниот уредник на весникот Пирс Морган и го смени од функцијата,а јавно им се извини на читателите и на домашната јавност,но воени експерти оценуваат дека таквите „валкани игри„ со армиските сили,за пари или за политички потреби,влијаат негативно врз војската и врз воените команданти,правејќи ранливи во некои следни операции и мисии.

Ветеранот од авганистанската и ирачката војна,поранешниот полковник Ричард Кемп оценува дека десетгодишното оддолжување на непостоечки случај,значат и „поткопување на западната демократија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...