Договорена е размена на заробеници

Доњецк, 19 декември 2014 (МИА) -  Во текот на денешната видео-конференција за Украина, договорена е размена на заробеници, но не е утврден датумот на состанокот на Контакт групата, иако германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер побара состанокот да се оддржи на 21 декември во Минск. 

- Постигнат е договор за размена на заробеници според принципот „сите за сите“, но не се прецизирани механизмите на размената, изјави претставникот на проруските сили во Луганск, Владислав Деинего.

За тоа дека не е постигнат договор за датумот на состанокот на Контакт групата медиумите ги извести претставникот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин, пренесува ТАСС.

Пушилин очекува состанокот, сепак, да се одржи до крајот на годината.

Шефот на германската дипломатија Штајнмаер претходно денеска изјави дека побарал состанокот да се одржи преку видео-конференција. „Можно е тоа да се случи уште в недела. Има многу предуслови за тоа“.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во пресрет на денешната скајп-конференција апелира Контакт група да се состане што е можно поскоро и предложи тоа да биде на 21 декември.

Двете завојувани страни на истокот од Украина на 5 септември во Минск  се согласија за прекин на огнот и за размена на заробеници во текот на преговорите, во кои посредуваше ОБСЕ.

Тогаш беше усвоен Протоколот што предвидува забрана за употреба на тешко вооружување. Септемврискиот договорен прекин на огнот, меѓутоа, постојано го прекршуваат двете судрени страни, но ракетните напади се значително намалени од почетокот на декември.

Ваквата ситуација даде надеж дека може да дојде до деескалација на конфликтот, во кој од април се убиени повеќе од 4.700 лица.

Портпаролот на украинската армија, Андреј Лисјенко, рано денеска изјави дека во изминатите 24 часа во нападите на проруските сили убиени се пет украински војници, а седуммина се ранети. Тоа, според оценката на украинската војска, е поголем број настрадани отколку во целата измината недела.

- Засега се користени само пушки, не се употребени тенкови или артилерија. Не можеме да кажеме дека е дојдено до ескалација на ситуацијата, рече портпаролот Лисијенко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...