Русија ќе продолжи со модернизирање на армијата

Москва, 19 декември 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека воената доктрина на земјата останува целосно одбранбена, наспроти тврдењата на НАТО за зголемена руска активност во Источна Украина и на руските граници. 

Путин овие уверувања ги даде за време на средба со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и други раководни кадри на руското министерство за одбрана. Рускиот претседател и воени лица изнесоа извештај за состојбата на земјата во областа на одбраната во изминатата година и во иднина пред руските вооружени сили. 

Според Путин во 2015 година стратешките нуклеарни сили на Русија ќе добијат над 50 интерконтинентални балистички ракети, јави ТАСС. 

Рускиот претседател изрази уверување дека земјата ќе продолжи со амбициозната програма за модернизирање на армијата, како и дека ќе обрати особено внимание на стратешките нуклеарни сили. Путин истакна дека стратешките нуклеарни сили на Русија се важен фактор за зачувување на глобалниот баланс на силите и фактички ја исклучува можноста за широка агресија врз Русија. 

Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува воената соработка со државите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност. 

Шојгу на средбата изјави дека воените можности на руската армија во 2014 година се зголемени за 1,3 пати. За една година бројот на безпилотни летала во армијата е двојно зголемен. Според рускиот министер за одбрана вредноста на државната програма за вооружување до 2025 година ќе биде намалена од планираните 55 трилиони рибљи на 30 трилиони рубљи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...