Единаесет мртви во престрелката во Париз

Париз, 7 јануари 2015 (МИА) - Најмалку 11 лица се убиени и петмина повредени во денешниот напад изведен во редакцијата на францускиот неделник „Хебдо“. Двајца од убиените се полицајци, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претпладнево околу 11 часот, две или три маскирани лица тешко вооружени со калашников и ракетен фрлач, влегоа во седиштето на весникот, каде откако зеле дел од вработените во заложништво, тие отвориле оган врз присутните. По нивниот напад тие побегнале со автомобил, а по потерата од полицијата тие го промениле автомобилот со друг од марката Рено Клио на Порт де Пантан,  што зборува дека нивниот нападот бил подготвен. 

Полицијата засега им ја изгуби трагата на напаѓачите. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. На самото место се наоѓа министерот за внатрешни работи и министерот за култура, а пристигна и претседателот Франсоа Оланд.

Сведоци на настанот велат дека напаѓачите не зборувале добар французки јазик и дека ги знаеле имињата на вработените, што е потврда дека напаѓачите го имале планирано нападот.

Француските власти го подигнаа антитерористичкиот план на највисокото ниво во Париз и парискиот регион.

Весникот Шарли Хебдо се наоѓаше под полициска заштита бидејќи има добиено повеќе закани  поради својот остар сатиричен тон. Пред извесно време беше опожарен и влезот на нивната зграда. Неделникот стана познат по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...