Земан повика на меѓународна акција против терористите

под раководство на ОН

Прага, 27 јануари 2015 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан повика на обединета вооружена акција против терористите, која на меѓународно ниво би ја водел Советот за безбедност на ОН, јави дописникот на МИА од Прага.

Додавајќи дека фокусот на акцијата во која би учествувале воени сили на сите постојани членки на Советот, би требало да бидат терористичките кампови за обука при што би се користела современа технологија, Земан оцени дека Исламската држава (ИД) е смртен непријател на денешницата.

Земан, во својот говор во чешкиот главен град, на Коференцијата по повод 70-годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа, рече дека според него ИД има иста природа како нацистичка Германија од почетокот на 30-те години на минатиот век и дека се заканува ,,Суперхолокауст" со стотици милиони мртви.

Земан предупреди на неуспех на елитите и слична опасност како кога европските земји се однесуваа кон Германија пред Втората светска војна.

Според него, потребни се уште серија терористички напади за да може јавноста да сфати дека со терористи не се преговара.

- Со терористите се војува, со терористите не можеме да се бориме само со површни промени во законодавството, туку со вооружени сили, така како како можеше да биде во Рајнската област во 1936 година, рече Земан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...