Франција бара зајакнување на борбата против финансирање на тероризмот

Париз, 27 јануари 2015 (МИА) - Франција ги повика денеска своите партнери од ЕУ за зајакнување на борбата против финансирањето на тероризмот со предлагање нови мерки што имаат за цел таквите трансакции да ги направат потранспарентни. 

Францускиот министер за финансии Мишел Сапин нагласи дека целта е да се забрза утврдувањето на новиот договор на ЕУ во борба против перењето пари, како и забрзување на комплементарни мерки со кои ќе се овозможи лоцирање на сите мали трансакции, кои се „срце“ на финансирањето на тероризмот.

Париз се залага за поцврста соработка во размена на разузнавачки податоци поврзани со перењето на пари, поостри закони за замрзнување на сомнителни сметки и подобрување на способноста на царинските службеници да влезат во трага на работите. 

Сапин истакна дека очекува добар прием на прелогот на Париз од останатите министри за финансии на земјите членки на ЕУ, бидејќи тероризмот ги засега сите држави. 

Во терористички напади на почетокот на јануари годинава во Париз загинаа 20 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...