Украина ја прогласи Русија за агресор

и побара нејзино исклучување од ОН

Киев, 27 јануари 2015 (МИА) - Украинскиот Парламент денеска усвои декларација во која Русија ја карактеризира како „држава агресор“, пренесоа британските медиуми.

Документот содржи и обраќање до ОН, во кое се инсистира светската организација да почне процедура за исклучување на Русија од светската организација.

- Правното прогласување на една земја за држава агресор својот корен го влече од резолуцијата на ОН од 1974 година и Уставот на ОН, изјави пред гласањето на документот лидерот на Радикалната партија Олех Љашко, кој е дел од владејачката коалиција.

Украинската Рада исто така ја повика меѓународната заедница да ги прогласи самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ во источна Украина за терористички организации.

Украинските пратеници од парламентите од цел свет побараа воено-техничка помош за Украина и наметнување построги санкции кон Русија.

Парламентот, освен тоа, одлучи на претседателот на земјата, во согласност со Уставот и законот „За одбрана на Украина“ да му препорача во Радата да поднесе предлог за објавување на состојба на војна и да се воведе воена состојба на територијата на земјата до прекин на вооружената агресија на Руската федерација врз Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...