Италија: Без избор за претседател во првиот круг на гласање

Рим, 29 јануари 2015 (МИА) - Пратениците на италијанскиот Парламент не избраа денеска нов шеф на државата во првиот круг на гласање, јавија локални медиуми.

Ниту еден од кандидатите не дојде ниту близу до двотретинското мнозинство неопходно за избор на нов претседател на Италија во првите три рунди од гласањето.

Изборите се сметаат за важен тест за премиерот Матео Ренци да ја собере својата поделена партија зад еден кандидат, кој исто така е прифатлив за опозицискиот лидер Силвио Берлускони, чија поддршка на Ренци е неопходна за амбициозниот реформски план на владата.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го поддржа денеска судијата на Уставниот суд Серџо Матарела, чиј брат го убила мафијата, како кандидат за нов претседател на Италија, кого Парлментот денеска почнува да го избира со тајно гласање.

Матарела (73) ќе го поддржи владејачката Демократска партија на Ренци во текот на изборната процедура во Парламентот која би требало до сабота да заврши со изборот на нов шеф на државата, рече премиерот денеска пред почетокот на првиот круг од гласањето.  

Изјавата на Ренци за поддршка на Матарела едногласно ја поддржаа пратениците на Демократската партија, но тоа не гарантира дека сите те навистина ќе се определат за Матарела на тајно гласање.

Матарела, кој во моментот е член на партијата на Ренци на левиот центар, е поранешен демохристијанин од Сицилија, кој влезе во Парламентот откако неговиот постар брат Пјерсанти, тогашен регионален претседател на островот, мафијата го уби во 1980 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...