Ренци бара подршка за својот кандидат за претседател на Италија

Рим, 30 јануари 2015 (МИА) - Италијанскиот премиер Матео Ренци настојува да обезбеди поддршка за својот кандидат за претседател на Италија, уставниот судија Серџо Матарели, пред наредните два круга гласање и посебно пред решавачкиот четврти круг предвиден за утре.

Во првото гласање, што се одржа вчера, ниту еден од кандидатите не успеа да добе најмалку 673 гласови, колку што беа потребни за победа во првиот круг.

Според италијанскиот Устав, претседателот на државата го избираат 1.009 народни претставници. Нив ги сочинуваат сите членови на двата дома на Парламентот во Рим, како и избрани претставници од 58-те италијански региони.

Тие гласаат во три изборни круга во кои е потребно двотретинско мнозинство за избор на претседател. Доколку по трите гласања, ниту еден кандидат не обезбеди такво мнозинство, се одржува и четврти круг, кога за победа е потребно просто мнозинство или 505 гласа.

Ренци засега со сигурност може да смета на 400 гласа, па во серијата преговори со партиите во Парламентот се обидува да обезбеди барем уште 105 гласови, за да може Матарели да стане нов претседател на Италија.

Аналитичарите во Рим веруваат дека премиерот Ренци ќе успее да постигне договор со неколку помали партии, но дека не може да се надева на успех без поддршката од Форца Италија на Силвио Берлускони.

Ренци во средата разговарал со Берлускони, но поранешниот италијански премиер и лидер на десноцентристичкиот блок од партии, застана зад кандидатурата на Џулио Амато, исто така, некогашен премиер на Италија.

Како можни кандидати за наследник на Џорџо Наполитано, според РАИ, се споменуваат и Рафаеле Кантоне и поранешниот премиер и претседател на Европската комисија, Романо Проди.

Ренци не верува дека Матарели ќе биде избран во следните два денешни круга на гласање, но се надева дека на утрешното гласање ќе може да добие 505 гласови.

Серџо Матарели (73) е поранешен министер за одбрана. Тој е член на левоцентристичката Демократска партија (ПД) на Ренци и беше кандидиран од партиското членство. Претседателот на заминување Наполитано изјави дека Матарели е „вистинскиот кандидат“.

Изборот за нов италијански претседател доаѓа по оставката на Наполитано (89), кој на почетокот од овој месец најави дека се повлекува од функцијата од здравствени причини. Тој е првиот претседател што е реизбран во 2013 година и прв комунист на таа функција. Во текот на своите осум и пол години како шеф на државата, Наполитано именуваше дури петмина италијански премиери.

Неговиот наследник, ќе биде 12-от претседател на Италија од завршувањето на Втората светска војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...