Петмина загинати при напад врз тролејбус во Доњецк

Киев, 30 јануари 2015 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа денеска при артилериски напад на украинските сили врз тролејбус во источноукраинскиот град Доњецк, соопштија проруските сепаратисти.

Како што јави ТАСС, според сепаратистичките власти во Доњецк, тролјебусот бил погоден додека стоел на постојка еден од булеварите во градот.

Истите извори информираат дека при нападот се повредени „неколку лица“, без да прецизираат точен број.   

Во друг артилерски напад во близина на Домот на културата во Доњецк, каде била делена хуманитрана помош, претпладнево загинале пет лица.

Локалните властите во Доњецк претходно соопштија дека минатата ноќ во судири во реонот околу градот загинале седум цивили, а уште 23 се ранети.

Украинската армија, пак, од своја страна соопшти дека во борбите во источна Украина во последните 24 часа загинале петмина нејзини војници, а 23 се ранети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...