Започна прекинот на огнот во источна Украина

Киев, 15 февруари 2015 (МИА) - Синоќа на полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време) стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Примирјето е првиот чекор кон спроведувањето на Мировниот договор, постигнат во Минск ноќта меѓу средата и четвртокот, за решавање на конфликтот во Украина.

Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека украинскиот претседател Петро Порошенко издал наредба за прекин на огнот во зоната на конфликтот во Донбас. 

- Им наредувам на Вооружените сили на Украина, на Националната гарда и на единиците на Министерството за внатрешни работи, Граничните сили и на Службата за безбедност да го запрат огнот, се вели во наредбата на Порошенко.  

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук објави дека им наредил на полициските сили да прекинат со огнот на линијата на фронтот во источна Украина во 0,00 часот по локално време.

Лидерите на проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, исто така, соопштија дека им наредиле на своите борци да го почитуваат режимот на прекин на огнот.

Претставникот на сепаратиситие во Доњецк, Едуард Басурин на брифинг во текот на ноќта информира дека нивните сили целосно го прекинале огнот и дека го почитуваат примирјето.

ТАСС јави дека од синоќа на полноќ по локално време во Донбас настапила апсолутна тишина и дека нема истрели ниту од едната, ниту од другата страна во конфликтот.

Меѓутоа, претставникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина, Владислав Селезњов информира дека по стапувањето во сила на примирјето, па се до 2.30 часот по локално време (1.30 часот по средноевропско време) биле регистрирани девет случаи на истрели врз позициите на украинските сили во местата Золотое, Попаснаја и Точковка во Луганската Област и во Чернухино и Санжаровка во реонот на Доњецк.

Шефот на украинската Служба за бебзедност, Валентин Наливајченко пак информира дека е регистирано само едно прекршување на примирјето на околу 50 минути по стапувањето во сила на прекинот на огнот. Според него, станува збор за артилериски напад од реон што е под контрола на единица составена од руски државјани. 

Од своја страна и проруските сепаратисти обвинија дека украинските сили стрелале врз позициите на нивните борци во местото Дебалцево, како и на пунктово во населбите Енакиево и Горловка во блзиина на аеродормот во Доњецк.

Лидерот на украинската националиситичка организаиција Десен сектор, Дмитро Јарош соопошти дека нејзините паравоени формации нема да го почитуваат прмирјето. 

- Нашите два баталјони, кои се одлично вооружени и екипирани, продолжуваат со напредувањето кај Дебалцево и имаат сериозни воени постигнувања, информира Јарош во соопштение објавано на интернет страната на Десен сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...