Армијата повлече 80 отсто од украинските војници во Дебалцево

Украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека Украина повлекла поголем дел од војската распоредена во источниот украински град Дебалцево.

Армијата повлече 80 проценти од војниците од градот и уште две колони војници треба да го напуштат, објави Порошенко на својот „Твитер“ профил.

Тој ги отфрли тврдењата на проруските сепаратисти дека Украинците биле опколени, нагласувајќи дека украинската војска го напуштила Дебалцево со своето оружје и опрема.
- Дебалцево беше под наша контрола. Градот никогаш не бил опколен. Нашата војска го напушти организирано. Тоа повлекување беше планирано, изјави Порошенко во Киев пред да замине за источна Украина.

Претседателот, исто така, нагласи дека само 30 украински војници од вкупно 2.000 биле повредени во артилериските напади на Дебалцево.

Изминатите денови меѓу украинската армија и бунтовниците се водеа жестоки борби со употреба на тешка артилерија за контрола врз градот и покрај минатонеделниот договор во Минск за прекин на огнот.
Дебалцево е важно стратешко место и железнички чвор на пругата која ги поврзува Луганск и Донецк, главните центри на сепаратистите во источна Украина.
Одлуката на Владата во Киев да ги повлече своите војници, со цел да се избегнат натамошни борби и нови жртви, доаѓа по сугестијата на рускиот претседател Владимир Путин до украинските власти. За време на посетата во Будимпешта,Путин рече дека верува оти владата на Украина ќе им дозволи да го положет оружјето.
Претходно,официјална Москва соопшти дека борбите во реонот на Дебалцево продолжуваат затоа што украинските сили настојуваат да се извлечат од опасадата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека од сепаратисите било побарано да им достават храна и облека на украинските војници кои се под опсадата.

Американскиот потпредседател Џо Бајден ги осуди борбите за Дебалцево, обвинувајќи ги Русија и рускиот претседател Путин, за „насилство“ врз спогодбата од Минск.
ЕУ, исто така, ги осуди проруските сепаратисти за нападот на Дебалцево, обвинувајќи ги за кршењето на договорот за прекин на огнот.

- Русија и сепаратистите треба итно и целосно да го исполнат договореното во Минск, почнувајќи со почитување на прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото вооружување, изјави претставникот на ЕУ за надворешан политика и безбедност Федерика Могерини.

И Германија го осуди кршењето на прекинот на огнот и нападот на проруските сепаратисти врз Дебалцево.

Портпаролот на Ангела Меркел Штефан Зајберт, изјави дека имало масовно кршење на прекинот на огнот, што стапи во сила за време на викендот, нагласувајќи дека нападот на Дебалцево ги става под прашалник договорот од Минск и надежите за мир во источна Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...