САД се воздржуваат од испорака на орујже на Украина и не веруваат во воено решение

Вашингтон, 19 февруари 2015 (МИА) - САД не го промениле ставот во однос за доделување воена помош на Украина, тие на Киев доставуваат само несмртоносна воена опрема, но не и оружје, изјави прес секретарот на Пентагон Џон Кирби, јави ТАСС. 

Кирби истакна дека дискусиите за друг вид на помош за Украина продолжуваат и дека во американското министерство за одбрана се разгледуваат разни прашња од Киев. Тој сепак, нагласи дека во Пентагон признаваат дека тоа прашање не може да се реши со помош на американската армија. 

За време на прес конференцијата Кирби, исто така, додаде дека не треба да има воено решение на ситуацијата во Украина. Според САД патот кон мир во регионот води преку спроведување на договорот од Минск, но Русија не ги исполнува тие договори. 

Според Кирби во такви услови САД планираат да продолжат со зајакнување на воените врски со своите сојузници од НАТО во Истична Европа, вклучително воени вежби и контрола на воздушниот простор над Балтикот, но и да го задржат присуството на американски војници во регионот на ротационен принцип. 

Русија и борците во Југоисточна Украина во оваа фаза не го исполнуваат договореното во Минск, изјави портпаролот на Белата куќа Џошуа Ернест, јави ТАСС. 

- Ако одбијат да го направат тоа, тие ризикуваат да платат уште повисока цена. Треба да го имаат во предвид тоа, кога ќе носат одлука за понатамошни акции, нагласи Ернест, додавајќи дека Вашингтон продолжува да верува дека патот за уредување на сегашната ситуација е на масата на преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...