Медведев нареди да се испорачува руски гас и итна помош за Источна Украина

Москва, 19 февруари 2015 (МИА) - Рускиот премиер Дмитриј Медведев нареди на Министерството за енергетика и на компанијата „Газпром“ итно да изготват предлози за испорака на гас и друга хуманитарна помош за зоните на конфликтот во Источна Украина, каде се јави тешка ситуација, откако вчера украинските власти целосно ги исклучија т.н. Доњецка и Луганска република од испорака на гас, јави ТАСС.

На седницата на руската Влада во Москва, Медведев рече дека „луѓето во повеќе населени пунктови во Источна Украина гладуваат, вклучувајќи го и Дебалцево“. - Во прво време треба да им се достави храна и лекови, рече тој.

Руското Министерство за вонредни состојби објави утрово дека ќе испрати дополнителен конвој со хуманитарна помош специјално за Дебалцево и други населени пунктови, каде ситуацијата е најтешка и недостигаат елементарни стоки.

ДНР веќе успеа да премине на руски гас, изјави претходно лидерот на парламентот во Доњецк Андреј Пуригин. Тоа се случило преку вклучување кон други гасни магистрали во текот на изминатата ноќ.

- Резервите од природен гас на Луганската народна република ќе стигнат само до 15 часот денеска, изјави премиерот на самопрогласената република  Генадиј Ципкалов. - Денеска разработувавме варијанти за испорака на гас и преговараме со украинската страна и со други страни, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...