Најверојатно нема да има војна меѓу Русија и Украина

Москва, 24 февруари 2015 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави во Москва дека „најверојатно нема да дојде војна меѓу Русија и Украина“ и се заложи за доследно спроведување на спогодбата од Минск од 12 февруари.



Во интервју за Руската телевизија, прво по договорот меѓу Украина, Русија, Франција и Германија од пред 12 дена, Путин прв пат јавно зборува за можноста од воен судир меѓу двете соседни земји.

- Станува збор за едно апокалиптично сценарио кое, јас се надевам, дека најверојатно никогаш нема да се случи, изјави претседателот Путин.

Во интервјуто, тој инсистира на доследно спроведувањето на дотоворот од Минск, објаснувајќи дека доколку тоа се направи регионот на источна Украина ќе се стабилизира.

Путин вели дека реализацијата на одредбите од четворната спогодба се најдобриот начин за целосно смирување на ситуацијата.

- Европа е заинтересирана за тоа, како што е и Русија. Никој не сака конфликт на работ од Европа, а уште помалку воен конфликт, уверува рускиот претседател.

Според Путин, спогодбата од Минск сега е и меѓународен правен документ, откако таа беше прифатена во Советот за безбедност на ОН.

Интервјуто на претседателот Путин доаѓа по вчерашните случувања во источна Украина и обвинувањата на Киев дека проруските сепаратисти и понатаму пукаат по владините трупи. За украинските власти тоа беше изговор, Владата во Киев да соопшти дека нема да има повлекување на тешкото вооружување, додека не настапи „вистински прекин на огнот“ на теренот.

Сепаратистите во меѓувреме соопштија дека се подготвени да ги повлелат своите тенкови и тешката артилерија и да ги исполант одредбите од договорот од Минск.

Рускиот претседател и во оваа прилика ги отфрли овинувањата од Киев дека руски војници се борат во источна Украина против регуларните украински сили. Путин вели дека нема руски војници на украинска територија, но тој смета дека Киев толку многу инсистира на руската помош и на руската интервенција само за да го покрие „понижувањето од поразот на украинската армија“, од како што вели „довчерашните рудари и трактористи“.

Путин во интервјуто му порача на украиснкиот претседател Петро Порошенко,да се насочи кон економијата на Украина и на спасувањето на земјата од целосен колапс, наместо што повикува на враќање на територии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...