„Џихадистот Џон“ идентификуван како Британецот Мохамед Емвази

Лондон, 26 февруари 2015 (МИА) - Припадникот на исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД), кој учествуваше во видео снимките при ликвидацијата на заробените западни државјани, познат по прекарот „Џихадистот Џон“ конечно е идентификуван како Мохамед Емвази.

Британската полиција одбива да ја потврди идентификацијата, но не го демантира открититето на лондонските медиуми во кои се дадени детали за него и за неговото потекло,

Емвази има околу 27 години, роден е во Кувајт, но е британски државјанин. Израснал и живеел во западниот дел на Лондон и потекнува од семејство кои и припаѓа на средната британска класа.

Медиумите тврдат дека им бил познат на британските безбедносни агенции, а дека контраразузнавачката агенција МИ5 „се интерсирала за него“, но официјално никој не ја потврдува оваа информација.

Се верува дека во Сирија замнал во 2012 година и таму им се приклучил на џихадистите на ИД уште додека тие беа дел од сириската вооружена опозиција која настојуваше да го собори од власт претседателот Башар ал Асад.

Според британските медиуми, името досега не му било откриено од безбедносни причини.

Емвази се појави во сите видео материјали од бруталните ликвидации на зарбонеците, прво на американскиот новинар Џејмс Фоли, а потоа и на Стивен Сотоф, британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, како и на Американецот Абдул Рахма-Касинг, кој пред да премине во исламот се викаше Питер.

Овој брутален џихадист, секогаш се појавуваше облечен во црна облека, со покрено лице освен отвор за очите, кои се покажа го издадоа, како и по неговиот британски лондонски акцент.

Малкумина ослободени заробеници на џихадистите ,открија дека ги чувале милитантни со изразит британски англиски јазик, кој меѓу себе се ословувале како „Џон“, „Пол“ и „Ринго“, по имињата на тројцата членови на некогашната поп група „Битлси“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...