САД планира проширување на воените вежби заради кризата со Русија

Прага, 5 март 2015 (МИА) - Соединетите американски држави во рамки на операцијата ,,Атлантска решителност" планираат да испратат војска во Романија, Бугарија, Унгарија, Грузија и Чешка, јавија чешките медиуми. 

Како што јави дописникот на МИА од Прага, планирано е  проширување на воените вежби, кои започнаа минатиот април со учество на САД, Полска и балтичките држави, со цел да се избегне руската закана.

Дел од американскиот Проект се заедничките маневри и заедничката обука на војниците, зголемена активност на морнарицата на САД во Балтичкото и Црното Море, модернизацијата на европските бази и поддршка на Грузија, Молдавија и Украина, како земји кои имаат затегнати односи со Москва.

Американските војници се постојано присутни во Романија во база во Констанца, на брегот на Црното Море и нивниот број од илјада ќе се зголеми за уште 1.500 војници.

Во Европа се наоѓаат околу 67.000 американски војници, од кои повеќето се под европска команда.  

Разместување на воени единици во земјите од Источна Европа кои би можеле да одговорат на каков било  напад, планира и НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...