Од средината на јануари поради грип починале околу 8000 лица во ФранцијаПариз, 5 март 2015 (МИА) - Грипот е главната причина за зголемената смртност во Франција од средината на јануари оваа година, соопштуваат здравствените власти.
Според статистичките податоци забележани се 19 отсто повеќе смртни случаи, односно починале повеќе од 8500 лица во споредба со претходните години за истиот период, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според информациите дадени од Институтот за здраствена грижа (ИнВС), првите проценки зборуваат дека годинашниот вирус на грипот се покажал особено опасен, посебно кај лицата над 65 години.
Вообичаено во зимскиот период смртноста е поголема, но таа се ограничува на неколу илјади лица, сепак институтот не е категоричен во своите проценки бидејќи со точност не е утврдено дека зголемената смртност се должи на грипот, но тој се посочува како најверојатната причина.
Епидемијата на грип се уште не е завршена, а годинашнава вакцина се покажа неефикасна со оглед дека типот на вирусот не е ист врз чија основа истата била изработена.
|