Украина има потреба од реформи

што ќе гарантираат автономија на сите територии

Москва, 5 март 2015 (МИА) - Суверенитетот на Украина треба да се почитува, границите повторно да се контролираат целосно и истовремено да бидат реализирани реформи кои ќе гарантираат автономија на сите територии во земјата, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци во интервју за ТАСС. 

Ренци го посочи како „пример“ италијанскиот регион Алто Адиџе, област со специјален, специфичен обем на автономија. 

Во однос на конфликтот во Украина, тој нагласи дека нема алтернатива на мирот и дијалогот и дека е неопходно да се работи секој ден, за да станат реалност предусловите и ветувањата од Минск, каде беше постигнат мировен договор на 12 февруари. 

- По минскиот договор гледам на работите многу пооптимистички, откако во Минск беше постигната суштинска допирна точка, изјави италијанскиот премиер, истакнувајќи ја улогата на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Украина Петро Порошенко, претседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. 

Денеска во Москва Ренци ќе разговара со Путин и со премиерот Дмитриј Медведев. Првата посета на рускиот главен град е на покана на државниот врв на Руската федерација. Се очекува двајцата да разговараат за ситуацијата во Украина, Либија, Сирија и Блискиот Исток, а со Медведев за економски теми. 

Италија очекува да го види Владимир Путин на светската изложба ЕКСПО-2015 во Милано, што ќе се одржи од 1 мај до 31 октомври. Русија ќе има голем штанд, а сите руски туристи се добредојдени во Милано, не само на изложбата, туки и во секој момент, изјави премиерот Ренци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...