Копилотот намерно го спуштал Ербасот на „Џерман вингс“

Париз, 26 март 2015 (МИА) - Истрагата за катастрофата на „Ербасот А320“ на германската компанија „Џерман вингс“, кој сообраќаше на линијата Барселона-Дизелдорф, дојде до заклучок дека копилотот, кој останал сам во кабината намерно го вклучил копчето за мониторингот на летот, со што започнува неговото фатално спуштање се до страшниот судар во планината, јави дописникот на МИА од Париз.

- Само во пилотската кабина, копилотот можел да го манипулира копчето на мониторингот на летот за да го вклучи спуштањето на авионот, изјави денеска јавниот обвинител од Марсеј, Брис Робин. - Оваа акција може да биде само намерна, додаде тој.

На конференција за печатот Робин оцени дека копилотот „имал намера да го уништи авионот“.

- Ние го имаме записот од последните 30 минути од летот“, соопшти Робин, додавајќи дека капетанот излегол од кабината и во тој момент „Ербасот А320“ летал со автопилот.

Според Робин, копилотот намерно ракувал со командите на авионот за да ја намали височината на летот.

- Капетанот на авионот безуспешно се обидувал да влезе во кабината. Пилотот се идентификува за да влезе во кабината, но не добива никаков одговор од копилотот, објасни обвинителот.

Според него, на снимката од пилотската кабина се слуша дишење на човек се до конечниот удар. - Значи тој бил жив, рече Робин.

- Во моментов ова се толкува дека копилотот намерно одбил да ја отвори вратата од кабината, рече Робин, објаснувајќи дека кога контролата на летање побарала од авионот да ја вклучи шифрата дека е во опасност, немало никаков одговор.

Копилотот, исто така, не реагираше кога се вклучиле алармите кои најавуваат дека тлото е близу.

- Сега водиме истраги и испитување за да се дознае нешто повеќе за опкружувањето на пилотот, додаде обвинителот на Марсеј.

Пилотот е идентификуван како Андреас Лубиц и е со германско државјанство и не бил вклучен во  регистарот кој се води за терористите.

Без да зборува за „самоубиство“ јавниот обвинител од Марсеј јасно даде до знаење дека копилотот со своето однесување во кабината имал „намера да го уништи авионот“.

Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...