Падот на авионот на „Џерман Вингс“ е најужасно нешто во историјата на нашата компанија, изјави директорот на „Луфтханза“

Келн, 26 март 2015 (МИА) - Одлуката на вториот пилот намерно да го урне авионот на нискобуџетната компанија „Џерман Вингс“ во француските Алпи е најужасен настан во историјата на нашата компанија, изјави денеска извршниот директор на компанијата мајка „Луфтханза“, пренесува ДПА. 

Карстен Шпор изјави дека дејствијата на вториот пилот оставаат без збор, додавајќи дека по инцидентот не може ниту да замисли дека работите би можеле да бидат уште полоши. 

Шпор потврди дека вториот пилот го пристинал копчето „заклучено“, кога капетенот сакал да се врати во пилотската кабина.

- Авионот располага со два кода за вратата. Едниот е нормален, а вториот за итни случаи, ако од внатре нема одговор на барањето за влез. Има еден супер код што може да биде внесен. Но, тоа може да биде спречено, ако лицето во кабината го притисне копчето „заклучено“ кога ќе ѕвони за влез во кабината, изјави Карстен Шпор. 

Според Шпор или капетанот не го внел супер кодот, што е тешко веројатно, или тој го внел, но вратата била блокирана од внатре. 

На прес-конференција во Келн Карстен Шпор истакна дека какви мерки за безбедност и да има една авиокомпанијата, колку и да се строги нејзините процедури, ништо не може да спречи таков изолиран акт. Според шефот на „Луфтханза“ дејствијата на пилотот не би можеле да бидат спречени од ниту еден систем во светот. 

Шпор, нагласи, дека засега нема никакви индикации за мотивите на пилотот, кој го урна авионот со вкупно 150 лица во него во француските Алпи, на 100 километри северно од Ница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...