Германија ја достигна доминацијата која ја бараше во војната

Прага, 26 март 2015 (МИА) - Ослабувањето на положбата на националните држави во Европската унија (ЕУ) води до губење на демократијата и европската интеграција, а напротив значително ја зајакна позицијата на Германија, смета поранешниот чешки претседател и истакнат евроскептик Вацлав Клаус.

- Со слабеењето на националните држави дојде до значително оддалечување од местото каде се донесуваат одлуки, зајакнување на неизбраните органи и дојде до уште поголема бирократизација на донесувањето на одлуки. Луѓето таму се повеќе се губат, а заедно со нив исчезнува и Европа и демократијата ", рече Клаус, на предавање кое го одржа на Пан-Европскиот колеџ во Братислава.

Клаус, исто така рече дека не очекувал толку голем трансфер на волјата на одлучување од државите, на Брисел, со што државите како Чешка и Словачка станале полусуверени, а позицијата на Германија добила огромна доминантна позиција, за која нацистите настојувале во двете светски војни, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Клаус го критикуваше создавањето на Европската монетарна унија, која како што оцени, не е монолитна целина поради разновидноста на нејзините членови.

Клаус, го повтори својот претходно познат став дека Европа се соочува со напад врз традиционалните вредности.

- Зборувам за вредностите на слободата, човековото достоинство, граѓанските права, индивидуализмот, класичниот концепт на семејството, почитувањето на традицијата, рече тој, додавајќи оти Европа се наоѓа во уличка чиј пат води само наназад.

Во врска со развојот на настаните во Украина, екс-шефот на чешката држава ја нарече таа источноевропска земја за пропадната држава, која најмногу од сите пост-комунистички земји не успеала да го одржи чекорот на политичка, економска и општествена трансформација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...