Рускиот империјализам ќе предизвика ново „југословенско сценарио“

Анексијата на Крим, војната во источна Украина, неодамнешните воени вежби од голем обем на руските вооружени сили, продолжувањето на пораст на трошоците за војската и покрај се подлабоката економска криза, истакнатата подготвеност на претседателот Владимир Путин да користи нуклеарно оружје - сето ова наспроти се поголемата поддршка и високиот рејтингот за претседателот - го прават се поизгледно сценариото од Југославија да се одигра и на територијата на поранешниот Советски Сојуз.

А тоа значи дека светот наскоро ќе биде сведок на пролиферација на воени конфликти меѓу поранешните советски републики базирани на етнички и сепаратистички емоции.

Во таква аналогија, Москва ќе ја игра улогата на Белград, а рускиот народ ќе ја игра улогата на српскиот народ. Значајните руски етнички заедници во многуте поранешни советски републики можат да послужат како плодна почва за движења со кои ќе се бара заштита на специјалните права на малцинствата - како што е официјален статус за рускиот јазик.

Како следен чекор, новопојавените политички движења ќе бараат автономија во форма на федерализација, ќе ги туркаат своите барања до точка на отворен конфликт со централните власти и, на крајот, ќе објават независност на нови, меѓународно непризнати републики - и сето тоа, се разбира, со поддршка од Москва.

Во некои случаи Кремљ можеби ќе избере да ги поддржи и неетничките Руси, туку промосковските региони и население, како што го стори тоа во Јужна Осетија и Абхазија. А постојат и индикации дека додека Кишњев активно бара блиски врски со Европската унија, Кремљ се подготвува да возврати со играње на истата игра со заедницата на Гагаузите во Молдавија.

Со анексијата на Крим, на почетокот со руски специјални сили и паравоени единици и обезбедувајќи воена помош од голем обем за самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, Русија радикално ја смени својата политика кон поранешните советски републики. Русија успеа да избегне сценарио слично на југословенското од почетокот на 90-те години на минатиот век, првично затоа што поранешниот претседател Борис Елцин беше цврсто посветен на гордите руски договори со своите соседи, признавајќи ги новите граници, вклучувајќи ги и договорите со кои се утврдуваат овие граници еднаш и засекогаш, и со почитување на сувереноста и територијалниот интегритет на руските соседи.

По смирувањето и замрзнувањето на локалните конфликти во Нагорно-Карабак, самопрогласените републики Придњестровје, Абхазија и Јужна Осетија, долината Фергана и Таџикистан на почетокот во 90-те, Русија престана да интервенира во внатрешните работи на соседните држави.

Иако Москва го критикуваше прекршувањето на правата на руските малцинства во балтичките држави, го отвори прашањето за статусот на рускиот јазик во Украина и обезбеди помош за самопрогласената Придњестровска република, таа генерално ги избегна обвинувањата за периодот кога се мешаше во внатрешните работи на другите држави.

Комунистите и бранителите на оживувањето на Руската Империја беа жестоки критичари на Елцин за неговата политика за време на целото негово претседателствување. Набљудувачите со право заклучија дека најголемите достигнувања на Борис Елцин и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов беше спречувањето Русија да биде вовлечена во распад сличен на југословенскиот, со неизбежни масовни крвопролевања, разурнувања на цели градови, етични чистења и стотици илјади бегалци.

Но, сега Владимир Путин е на страната на оние кои се спротивставуваа на неговиот патрон Борис Елцин. Тој се стави во целост на страната на империјалистите и комунистите - кои некогаш беа едно исто за време на советската ера.

Неговата одлука да го анектира Крим и да обезбеди воена поддршка за самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, и да го користи „руското прашање“ како идеолошко оправдување за мешање во украинскиот конфликт, значи дека Русија одлучно ја отфрла својата поранешна политика на почитување на суверенитетот и интегритетот на своите соседи, и всушност има создадено пат за сценарио слично на југословенското на поранешната советска територија.

Кошмарот кои руските лидери успеаја да го избегнат на почетокот од 90-те одеднаш доби нова форма, 20 години подоцна.

Со минатогодишната одлука за анексија на Крим, Путин знаеше дека треба да се плаши од три работи: прво, дека рускиот народ можеби нема да ја подржи политиката на Кремљ за територијална експанзија и дека можеби ќе одбие да се бори во Украина; второ, дека Западот ќе преземе силен и стратешки одговор присилувајќи го Кремљ да се повлече и да дозволи мир; трето, дека економската криза ќе ја поткопа неговата и владината популарност и ќе ги присили да се пренасочат повеќе ресурси од воените чекори кон спасување на економијата и населението кое страда.

Сепак, ниту едно од овие закани не се материјализираа и Кремљ излезе посилен од кога било порано. Речиси 90 проценти од населението ја поддржува победничка и неоимперијалистичка политика на Кремљ. А според последните испитувања на јавното мислење на ВТсИОМ, 46 проценти од Русите се дури и подготвени да ги испратат своите сакани да се борат во Донбас.

Реакцијата на Западот не беше само слаба, туку и секој ден станува се послаба. Тие само неволно и бледо воведоа санкции без ембарго за нафта и гас или исклучување на Русија од свифт банкарскиот систем - чекори кои ќе беа закана за преживување на режимот на Путин. Покрај тоа, по помалку од една година санкции, се поголем број западни држави веќе најавуваат дека ќе ги намалат, па дури и укинат.

Кремљ може малку да стравува од својот народ затоа што има доволно финансиски резерви за уште две години да ги преброди тешкотиите од кои страда. Покрај ова, просечниот Русин е истраен и волен да издржи дури и поголеми тешкотии едноставно со садење на неколку компири повеќе на своите дачи. Всушност, анкетите покажуваат дека рускиот народ дури и ги поддржува се повисоките воени расходи по цена на финансиите кратења за образованието и за болниците.

Кремљ во моментов не гледа закана за својата позиција како последица од своите неоимперијалистичките политики. Покрај ова, изминатата година беше убедлива за Путин дека може да има голема корист од јавната поддршка со играње на картата на народната носталгија за империја.

Силниот „постимперијалистички синдром“ на општеството го турка Путин кон пат кој претходно го поплочи поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ: кривулест политички пат од комунист кон социјалист, потоа српски националист и на крајот империјалист.

Милошевиќ беше способен да остане на власт со вешто искористување на траумата која Србите ја доживеаја со пропаста на големата Југославија. И за разлика од Милошевиќ, Кремљ има дополнителен предизвик да користи нуклеарна закана за да напредува во својата агресивна политика, адут на кој веќе играше во сегашната криза.

Денес руските соседи се можеби во голема опасност. Каков било конфликт или потег кон Западот кој Москва не го сака, може да распали следна „специјална операција“ или ненадеен „руски бунт“ со кој ќе се бара слобода и независност. Москва секојдневно демонстрира дека е волна и способна да ги користи своите вооружени сили за да ги постигне своите цели, и не се сопира да стори се да го постигне тоа. Се разбира, Украина се соочува со најголемата опасност додека Москва и спроведува стрес тест за нејзината способност да преживее како држава. Молдавија е следна на агендата на Кремљ. Грузија веќе изгуби една третина од својата територија, а Путин неодамна потпиша нов договор за алијанса со Јужна Осетија и Абхазија.

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, и белорускиот претседател Александар Лукашенко, се загрижени. Тие знаат дека и најмал знак за нелојалност од нивна страна може да ја предизвика Москва да ги дестабилизира нивните држави. Москва може исто така да поведе хибридна - што значи внимателно прикриена - кампања за да ги дестабилизира трите балтички држави.

Во отсуство на какви било фактори со кои сериозно ќе се ограничи способноста на Кремљ да ги прошири своите воени и политички зони на контрола врз поранешните советски републики и ако сака да ги дестабилизира, постои најголема од било кога изгледност дека Русија и нејзините соседи ќе бидат вовлечени во сценарио слично на југословенското.

Москоу тајмс - Москва



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...