На џихадистите им се приклучуваат жени со психолошки проблеми

Берлин, 30 март 2015 (МИА) - Жените кои им се приклучуваат на џихадистите во Сирија и Ирак имаат психолошки проблеми или не можат да се вклопат со општеството, а често доаѓаат од екстремно сиромашни семејства или се необразовани, тврди исламскиот истражувач Марван Абу Таам, кој работи во германската полиција.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Берлин, засега нема информации дали европските жени регрутирани во редовите на џихадистичката група Исламска држава би можеле да бидат искористени за самоубиствени напади.

Вкупниот број на германски државјани регрутирани во редовите на ИД е над 650, од кои речиси 200 се вратиле дома.

Првиот човек на германската служба за разузнавање БФВ, Ханс-Георг Масен, вчера соопшти дека меѓу германските државјани кои се дел од борците на ИД има повеќе од 70 жени. Најмалку 30 од нив се на возраст до 25 година, кои биле регрутирани преку социјалните мрежи, најчесто Фејсбук и Твитер, каде што ИД врши смислена и добро организирана кампања насочена кон помладата исламска популација во западните земји.

На блоговите на интернет џихадистите прво ги идентификуваат младите жени заинтересирани за „света војна“, а потоа ги контактираат лично и им нудат да се омажат за џихадисти и да заминат на фронтовите во Ирак и Сирија.

Според Масен девојките водат блогови со „романтични описи“ на животот во џихадистичките кампови, но немаат идеја со каква иднина се соочуваат. Тие живеат во целосна изолација, а пасоши и телефоните им се одземени, вели Масен.

Според германските закони доколку се докаже дека тие се дел од странски вооружени формации се соочуваат со затворски казни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...