Ед Милибанд го обвини Камерон за „либискиот хаос“

Лондон,24 април 2014 (МИА) - Лидерот на опозициските британски лабуристи Ед Милибанд,го обвини денеска актуелниот премиер Дејвид Камерон за „целосниот неуспех во Либија„ и за хаосот што таму постои,а кој сега се одразува со илјадниците илегални имигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа,преку либиската територија.


Милибанд во 2011 година ја подржа воената интервенција,со која беше соборен од власта Моамер Гадафи,но сега го осудува неуспехот на британската влада и на нејзиниот премиер Камерон,кои беа едни од предводниците на меѓународната интервенција,да обезбедат постконфликтна стабилност во Либија.

Според Милибанд,Британија и другите земји учеснички во воената интервенција,не успеаја во „поствоеното планирање„ што требаше да гарантира стабилност на земјата.

Три години по воената интервенција, со која им се помогна на домашните бунтовнички сили да го соборат Гадафи,во Либија се уште нема стабилна и централна власт,па оваа северноафриканска земја нема контрола на нејзината државна територија,ниту може да ги обезбедува своите граници.

Земјата има две влади,нема уреден Парламент, ниту функционални државни институции.Таквата ситуација ја користат разните исламистички и милитантни милиции кои имаат под контола градови и области,додека истокот на Либија и Бенгази,кои беа изговор за странската интервенција,најавуваат дека сакаат да се отцепат од земјата,или во најмала рака да добијат широка автономија од Триполи.

Во едни такви услови либиски и северноафрикански шверцери на луѓе,им ветуваат на имигранти од Африка и Блискиот Исток, префрлање преку Медитернот до европското копно,знаејќи дека во Либија нема власт,полиција или сила, која ќе ги спречи да тргнуваат во таквите опасни патувања.

Милибанд не го обвинува Камерон дека е директно одговорен за масовната смрт на илеганите имигранти кои се дават во морето во претоварените и неприлагодени бродови,но од Конзервативната партија го осудија лидерот на лабуристите дека ја користи изборната кампања за да го напаѓа премиерот, за Либија и за големиот број удавени имигранти.

Лидерот на лабуристите останува на своите позиции и смета дека  Британија и другите од Западот, ја заборавија Либија,откако беше соборен Гадафи,а дека тоа создаде и се уште создава услови за имигрантските страдања.Милибанд го обвини Камерон и дека со својата политика предизвикал Велика Британија да остане без влијане во меѓународната политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...