„Волстрит Џурнал“: ЕУ на источните партнери им нуди само солидарност

Вашингтон, 22 мај 2015 (МИА) - Лидерите на Европската унија ја укорија Русија поради „грубијанскиот однос“ кон нејзините западни соседи, но засега не даваат никакво ветување за евентуално членство во европското семејство на земји како Украина, Молдавија и Грузија, оценува американскиот весник „Волстрит Џурнал“. 

На средбата на „Источното партнерство“ во Рига лидерите на ЕУ се соочија со деликатна задача како да ги натераат поранешните советски републики да ги спроведат реформите што би ги доближиле до Западот, без да имаат илузии за евентуално членство во Унијата, додава весникот, нагалсувајќи дека на овие земји Брисел им нуди само солидарност и ништо повеќе од тоа.

ЕУ го промовираше проектот „Источно партнерство“ во 2009 година со цел да ги подлабочи врските со поранешните советски републики Азербејџан, Белорусија, Грзуија, Ерменија, Молдавија и Украина. Во рамките на овој проект, ЕУ во 2014 година потпиша трговски и политички договори со Украина, Молдавија и Грузија, што предизвика незадоволство во Москва.

Унијата веќе подогло време е поделена околку перспективите за евентуално членство на нејзините источни соседи. Неколку држави, пред се од источна Европа, како Полска и балтичките републики, ја поддружваат идејата за членство на овие земји во ЕУ. Од друга страна, други членки на Унијата, меѓу кои и највлијателните западни држави, не се наклонети на оваа идеја. Дури и Европската комисија соопшти дека не планира ново поширување на ЕУ пред 2020 година, потсетува „Волстрит Џурнал“.

- Лидерите на ЕУ беа едногласни по само едно прашање - осуда на притисоците на Русија врз нејзините соседи, вклучително и на поддршката што Москва им ја дава на сепаратистите во источна Украина, заклучува американскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...