Доживотен затвор за лондонски таксист кој убил американски војник

Лондон, 22 мај 2015 (МИА) - Лондонскиот таксист Анис Сардар (38) е осуден денеска на доживотен затвор, за убиството на еден американски војник поставувајќи бомба покрај еден пат во Ирак.

Убиството. што се означува како терористички напад, е извршено во 2007 година.

Сардар кој живее во лондонскиот кварт Вембли, изработил бомба и ја поставил крај патот, како дел од својот заговор да убива Американци кои учествуваат во ирачката војна.

Во таа негова „борба“ бил убиен само 34-годишниот наредник на американската војска Ренди Џонсон.

Во текот на судењето Сардар рекол дека се одлучил да му се приклучи на „ирачкиот отпор“ за да ги заштите своите „браќа-сунити“ од милициите на шиитите.

Судијата во процесот пресуди, Анис Сардар да остане во затвор 38 години, пред да може да побара да биде пуштен на слобода.

Случајот на овој таксист од Лондон кој е обвинет и осуден од еден британски суд за својата улога во ирачкиот вооружен бунт, се означува како единствен случај во британската правна пракса.

Во својот завршен збор, обвинтелот во случајот рече дека осудувањето на Сардар покажува оти меѓународните граници „не претставуваат бариера“ терористите во Велика Британија да бидат обвинети и судени за убиства извршени во кој било дел од светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...