Коморовски му ја честиташе победата на Дуда

Актуелниот полски претседател Бронислав Коморовски доцна синоќа му ја честиташе победата на својот противкандидат, Анжеј Дуда, на претседателските избори во Полска.

Конечните резултати од вториот круг од изборите за нов полски претседател, ќе бидат познати во текот на денешниот ден, но веднаш штом беа соопштените резултатите од излезните анкети Коморовски го призна поразот.



Според овие анализи, кандидатот на десницата, Дуда има освоено 53, додека досегашниот шеф на државата, 47 отсто од гласовите на Полјаците.

- Го почитувам изборот на гласачите и му посакувам успешно претседателствување на Анжеј Дуда, изјави синоќа Коморовски.

Неговиот противкандидат на изборите истакна дека гласовите за него, се гласови за промена.

- Сите заедно можеме да ја промениме Полска, изјави Дуда пред насобраните симпатизери во Варшава.

Претседателот во Полска има ограничени овластувања, но тој е командант на армиските сили и може да стави вето на новите закони, донесени во Парламентот.



Коморовски (62) беше фаворит на овие избори, а последните мерења на јавното мислење навестуваа дека тој би можел да победи уште во првиот круг.

Дуда кој е 19 години помлад од досегашниот претседател на изборите беше кандидат на партијата на Јарослав Качински, брат близнак на загинатиот полски претседател Лех Качински и водеше после првиот круг. Тој уште пред две недели освои најголем број од гласовите во источните делови од земјата, што се граничат со Украина и Белорусија.

Бронислав Коморовски беше избран за претседател во 2010 година и настојуваше да освои уште еден мандат. Неговиот пораз претставува серизно предупредување за премиерот Ева Копач, чија десноцентристичка партија го подржуваше Коморовски, пред парламентарните избори, предвидени за на есен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...