Изложба на графика во КО-РА

Скопје, 26 мај 2015 (МИА) - Во Галеријата КО-РА вечер биде отворено 32-тото издание на изложбата „ДЛУМ Графика“ – проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата со свои дела ќе се претстават македонски графичари, членови на ДЛУМ, а целта е промовирање на графичката ликовна сцена во Македонија.

Покрај традиционалната награда за најдобро ликовно графичко остварување, ДЛУМ првпат оваа година ќе додели и награда за најдобар млад автор - графичар. Двајцата победници ќе добијат парична награда, а најдоброто ликовно графичко остварување ќе биде наградено во форма на организирање самостојна изложба од страна на ДЛУМ.

Спорд организаторот традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, како и денес зголемената и честа употреба на дигиталното печатење ја прават оваа манифестација значајна за ликовната култура во Македонија. Еднакво на сите досегашни изложби и 32-то издание изобилува со современи размислувања, кои, пренесени на графички лист го носат печатот на времето.

Овогодинешното издание „ДЛУМ Графика“ е прва изложба која е реализирана од новото Управно тело на ДЛУМ.  - ДЛУМ работи интензивно на развојот и динамизирањето на активностите зацртани во програмата за работа. Изложбата на графичари ја поставуваме и оваа година – традиционално, со идеја таа да ја преточиме во меѓународно издание од идната година, изјави Христијан Санев, претседател на ДЛУМ.

Изложбата „ДЛУМ Графика“ ќе биде отворено до 8 јуни 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...