Рама: Не сум се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО

Албанскиот премиер Еди Рама денеска негира дека се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. На заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, Рама рече дека побарал само целосно почитување на Рамковниот договор.

- Нити сум се заканил, ниту сум прогласил став за вето, зборот вето вие сте го ставиле (новинарите) со помош на извесни политичари во Тирана. Ние сме членка на НАТО и зборуваме во име на НАТО, кога се зборува за тоа. Не е ниту закана ниту блокада, туку само став, изјави Рама.

За настаните во Куманово, албанскиот премиер оцени дека покажале колку е кревок мирот на Балканот.

- Неспорен интерес на Албанија и на Албанците во Македонија е територијалниот интегритет и функционирањето на Македонија, рече Рама.

За Албанија, според него, е неприфатливо загрозувањето на територијалниот интегритет на која било држава и смета дека тоа е неприфатливо за одржување на демократијата, стабилноста и мирот во регионот. 

- Повреда на интегритетот и нефункционирањето на Македонија е неприфатливо за нас. Ние сакаме да се имплементира Охридскиот договор. Албанците и Македонците се конститутивни фактори, рече Рама.

Албанскиот премиер нагласи и дека Тирана е против етнички поделби. - Сите земји во регионот и пошироко треба да се дистанцираат од таквите повици, кои му припаѓаат на минатото и немаат врска со нашите напори за денешен и утрешен Балкан, изјави Еди Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...