Поддршка за активностите на Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент Плус“

Велес, 27 мај 2015 (МИА) - Општина Чашка ќе ги поддржи активностите на Асоцијација за пулмонална хипертензија „Момент Плус“ со седиште во Гевгелија, најави градоначалникот Горанчо Пановски по денешната средба  во седиштето на општината со претседателката на ова здружение Ѓурѓица Каева и некои од членовите.

Како што појасни Каева, пулмоналната хипертензија е ретка болест на белите дробови, а се манифестира како недостаток на воздух.

- Тоа е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт, а сериозно влијае врз секојдневните активности. Симтомите се отежнато дишење и замор, а понекогаш вртоглавица и губење свест. Важно е болеста да биде дијагностицирана навреме, да се преземат итни мерки и да се започне со адекватна терапија, потенцира Каева на денешната прес-конференција.

Таа информира дека целта на нивното здружение е да се изборат за неопходните лекови за лекување на оваа болест кои се многу скапи, а во фаза е регистрирање на еден таков за нив неопходен лек. Воедно се борат и за едукација на лекарите и пациентите за навремено откривање на болеста и воопшто да се подигне јавната свест за оваа ретка болест, како и за формирање на специјализирани медицински ПХ центри каде што пациентите ќе можат навреме да бидаат дијагностицирани и лекувани од стручни лекари.

Прецизира дека од оваа болест во Македонија се регистрирани десет лица од кои тројца за жал умреле, а двајца се новорегистрирани и нагласи дека сигурно има и повеќе кои не се регистрирани.

Градоначалникот Пановски потенцира дека општина Чашка има две воздушни бањи - Горно Врановци и Болницата во Јасеново која е според европските стандарди за лекување на болести на белите дробови и додаде дека им ги става на располагање за лекување и рехабилитација на болните од пулмонална хипертензија.

Во соработка со СПД „Зелен Рај“ од Велес за нивна подршка во недела ќе се организира планинарски марш под мотото „Качи се на врв земи здив за живот“.  Како што најави Зоран Игновски претседател на ова здружение, сите заинтерсирани в недела можат да дојдат во Ораов Дол и да се вклучат во искачувањето на врвот Јута на планината Кадиица.

- Нашето здружение како подршка на лицата со пулмонална хипертенија секоја година ќе организира планинарски маршеви за освојување на по еден врв во Македонија, рече Игновски и ги повика сите планинари и заинтересирани в недела да им се придружат во оваа хумана мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...