Проблемот со мигрантите е меѓународен проблем

Скопје, 10 јуни 2015 (МИА) - Земји од регионот изминатиов период беа и се уште се под огромен притисок предизвикан од миграциските текови  кои се должат на конфликтите  и жариштата  кои траат во повеќе држави.  Особено последниве недели Македонија од јужната граница се соочува со огромен притисок на илегални мигранти  кои се обидуваат да ја искористат нашата територија како транзит упатувајќи се кон север односно во богатите членки на ЕУ.



Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков на Регионален форум на министри за внатрешни работи од земјите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ кој се одржува во Скопје.

- Ваквиот притисок резултира со четирикратно зголемување на бројот на мигрантите во првите пет месеци  од годинава на територијата на нашата држава и приближно двојно зголемување на кривичните дела и  сторителите поврзани со криумчарење мигранти  во однос на истиот период од минатата година. МВР максимално ги вложува своите капацитети за справување со овој проблем, но сите заедно сме свесни за неговите димензии, рече Чавков.

Според него проблемот со мигрантите не е локално или регионално прашање, туку тоа претставува глобален предизвик. 

- Ескалацијата на проблемот со незаконските  миграции не се регионални или национални, тие се меѓународен проблем и затоа потенцирав дека е потребно и меѓународен одговор на овој проблем, додаде Чавков.

Во однос на последните случувања за злоупотреба на мигрантите од криминални групи, министерот рече дека МВР ги мултиплицира сите мерки и активности кои што резултираа со кривични пријави.

Бесник Шеку, претставник од Албанија го поздрави состанокот на експертите каде што се постигна консензус и се изрази вољата на сите страни за зачленување на Косово во иницијативата МАРРИ.

-  Како што знаете дијалогот на високо ниво на Косово и Србија веќе дејствува и страните се залагаат за меѓусебно договарање. Овие денови кога ние сите се стремиме кон зачленување во ЕУ и кон борбата против корупцијата се наши приоритети, така што секоја регионална соработка не би била ефективна доколку овие начела не би се почитувале. Тоа е транспарентноста и реципроцитетот. Мислам дека почитувањето на функционирањето на  МАРРИ се заснова во овие начела, истакна Шеку.

Амбасадорот на Велика Британија во Македонијиа Чарлс Гарет истакна дека регионалните иницијативи и органи се од огромна важност во решавањето на прекуграничните прашања и особено  кога се зборува за чувствителни прашања како што е миграцијата.

- Миграцијата не е првпат една од клучните меѓународни приоритети и целата меѓународна заедница е запрепастена од смртта на стотици па дури и илјадници мигранти кои се обидуваат да го преминат медитеранот. Сведоци сме на жртви и овде во Македонија. Бројките се чини дека растат неверојатно. Нелегалната миграција е прашање кое што бара сеопфатни решенија  и Регионалниот центар МАРРИ кој што Британсакта амбасада го поддржува преку нашиот проект подобрување на постапките за воспоставување на идентитетот на  нелегалните мигранти во регионот на МАРРИ  е дел од тој сеопфатен приод, нагласи Гарет.

Според него, проектот има цел да го зголеми капацитетот  на земјите членки на  МАРРИ, а националните органи ефективно да одговараат на растечките бројки на нерегуларни мигранти и да го забрзаат процесот на идентификација.

- Ќе ги поддржиме националните институции во изградбата на одржливи и ефективни механизми за заедничка акција во идентификацијата на нерегуларните мигранти. Ова ќе го направиме преку развивање и усвојување регуларна правна рамка во регионот на Западниот балкан за толкување на ретките јазици. Исто така ќе се воспостави заедничка база на податоци за преведувачи на ретки јазици  коишто ќе ги користат  националните  миграциски служби во земјите членки на МАРРИ, додаде Гарет.

Форумот е организиран во рамките на Претседателството на Република Македонија 2014-2015 со МАРРИ. На денешниот собир Претседателството со МАРРИ и беше предадено на Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...