Без конечен договор завршија преговорите во Брисел

Брисел, 11 јуни 2015 (МИА) - Без конечен договор завршија преговорите во Брисел за надминување на политичката криза во Македонија, што во изминатите 12 часа ги водеа  четворицата македонски политички лидери и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан. 

Во писмена изјава по состанокот портпаролката на Европската комисија  Маја Коцијанчич наведува дека еврокомесарот Хан се сретна со политичките лидери за продолжување на разговорите за наоѓање решение за политичката криза во земјава. Разговорите, се наведува, беа отворени и детални, но сеуште не доведоа до конечен договор. 

- Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата  за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите, се вели во изјавата од Коцијанчич.

Покрај партиските лидери Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА), Али Ахмети (ДУИ), и еврокомесарот Хан, на средбата беа присутни и амбасадорите на Европската унија и Соединетите американски држави во Скопје, Аиво Орав и Џес Липинкот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...