Почнуваат уписите во средно образование

Скопје, 22 јуни 2015 (МИА) - Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија.  Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување  ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули. 

Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk, се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државата, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден. 

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...