Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк

Скопје, 24 jуни 2015 (МИА) - Според извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот парк во Скопје е 45-годишната скопјанка Р.С., соопшти денеска државното Јавно обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера извршил увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото, како што се наведува во соопштението, е подигнат доказен материјал, за кој јавниот обвинител издал наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител извршил и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот, како што стои во соопштението, го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство - Скопје работи на утврдување на причините на настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...