Работилница за состојбата со илегалните мигранти и баратели на азил

Скопје, 26 јуни 2015 (МИА) - Состојбите и предизвиците со илегалните мигранти и баратели на азил е тема на денешната работилница што ќе се одржи во Скопје.

Работилницата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети, советник министерот и шеф на секцијата за политика, правда, внатрешни работи, информации и комуникации, заменик шеф на мисијата на Европската унија Роберт Лидел и амбасадорот на Австрија, Томас Мајкл Бајер.

На тема „Ситуацијата со илегалните мигранти и баратели на азил од аспект на борбата против тортура и малтретирањето“ ќе говорат Мориц Бирк и Тифани Критин од „Лудвиг Болцман Институтот за човекови права, а за „Ситуацијата и предизвиците со илегалните мигранти и баратели на азил во Репблика Македонија“ ќе говори Аница Томшиќ Стојковска од канцеларијата на Народниот правобранител-Национален превентивен механизам.

На работилницата ќе учествуваат и претставници од канцеларијата на австрискиот омбудсман борд, од СПТ , УНХЦР, како и претставници од министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Работилницата е во рамките на Твининг проектот насловен како „Промоција на надлежностите на народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“, кој Народниот правобранител го спроведува во соработка со канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и „Лудвиг Боцман Институтот за човекови права“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...