Промоција на аудиоизданието „Непокор“ со 12 стари револуционерни песни

Скопје, 29 јуни 2015 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност вечер официјално ќе биде промовирано аудиоизданието  „Непокор“ - проект во продукција на Македонската радио телевизија, во соработка и со поддршка на Министерството за култура.

Целта на проектот е афирмирање и поддршка на македонската музика, творештво и музичка сцена. Дел од песните веќе беа  телевизиски промовирани во ревијалниот дел на фестивалот „Цветници 2015“.

„Непокор“ содржи 12 стари револуционерни песни од македонската музичка ризница во аранжман и обработка на Никола Мицевски, а посветени на дел од најпознатите  личности и настани од македонското револуционерно минато  од Илинденскиот период,  опеани во народот и оставени како духовно и културно наследство.

Стручен консултант за оригиналност и изворност на текстовите од песните е проф. д-р Марко Китевски. Песните ги изведуваат: Александар Тарабунов, Влатко Лозановски, Андријана Јаневска, Кирил Митовски, Маријан Стојановски, Ламбе Алабакоски, Мишко Крстевски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Анастасија Петреска и женскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...