Полицијата откри нелегално сечење дрва во Тетовско

Тетово, 29 јуни 2015 (МИА) - Над триесеттина метри кубни бесправно исечени букови и дабови дрва открила полицијата и претставници на ЈП „Македонски шуми“, подружница Лешница - Тетово при активностите спроведени изминатиот викенд на повеќе места на Сува Гора, општина Желино информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. 

Според неговите податоци најголемата количина нелегално исечени дрва била откриена вчера околу пладне во атарот на селото Ларце во месноста „Чам“.

- Тука биле пронајдени 16 просторни метри букови дрва исечени и расфрлани на поголема површина како и 14 поголеми букови стебла а нешто подоцна во дворот пред куќата на Р.Р.(50) во Желино биле пронајдени уште 5 просторни метри бука за кои тој не поседувал никаква документација рече Јосифовски.

Дента во атарот на селото Лешница во месноста „Под кале“, на приватен имот биле  пронајдени 7 просторни метри дабово дрво.

Акцијата на полицијата и претставниците на ЈП„Македонски шуми“ започнала уште во саботата кога во атарот на Мерово, во месностите „Јабланица“ и „Крстец“ биле пронајдени исечени и оставени 4 метри просторни бука.

- Пронајдените дрва се подигнати и предадени и се на Шумска полиција за натамошна постапка во рамките на која ќе се утврдува-кој, кога ги исекол дрвата и за што биле наменети. Координираните активности за откривање и законско санкционирање на нелегалното сечење, транспортирање и продажба на огревни дрва ќе продолжат и во следниот период, изјави Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...