Информации за граѓаните за пониските цени за роаминг

Скопје, 2 јули 2015 (МИА) - Граѓаните кои патуваат во соседните земји каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, денеска на граничниот премин Табановце ќе бидат информирани за условите и начинот на користење на роамингот. 

Надлежни од Агенцијата за електронски комуникации и директорот на Агенцијата Роберт Ордановски ќе информираат за новите поволни цени, како за начинот на избегнување на високите сметки кои се чести при патувањето. 

Одлуката за пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина и Црна Гора почна да се применува од завчера. 

Според договорот, за минута појдовен повик се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а  ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување. Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...