Полицијата приведе дилери на дрога

копје, 4 јули 2015 (МИА) - Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во јуни оваа година, реализира 12 кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и три кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје.

Како што соопштува МВР, при реализацијата на кривичните дела се запленети 34 таблети екстази, 32 таблети ЛСД, 16,89 грама анфетамин, 9,4 грама наркотична дрога-хероин (спакуван во 31 паковка за улична продажба), 25 расади марихуана, 18,38 грама наркотична дрога - марихуана, 4,3 грама наркотична дрога-кокаин, една автоматска пушка „АК-47“ со 29 куршуми калибар 7,62х39 мм, еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 и 92 парчиња пиштолска муниција калибар 9 мм.

Во врска со овие кривични дела пријавени се 12 лица од Скопје и по едно лице од Неготино и Штип, при што сите се машки лица на возраст од 26-46 години, од кои десет досега се кривично пријавувани за имотни деликти, додека пријавениот кај кого е пронајдена автоматска пушка е кривично пријавуван за деликти проследени со насилство. Четворица од пријавените се улични дилери, двајца на синтетички дроги и наркотична дрога-марихуана, а двајца на наркотична дрога-хероин кои и претходно се кривично пријавувани за недозволена трговија со дрога.

Пријавените улични дилери на синтетички дроги и наркотична дрога-марихуана, по претходен телефонски договор со уживатели, дрогата најчесто ја продавале на локации во централното градско подрачје, додека уличните дилери на наркотична дрога хероин, препакуваниот хероин во паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, во зависност од грамажата, најчесто ја продавале на зависници од Скопје, но и од други градови, за цена од 300 до 600 денари.

- Недозволената трговија со дрога во казнено поправните установи, е проблем по кој Единицата во соработка со КПУ континуирано постапува, при што се запленети 10 зипер ќесички со вкупна нето маса од 2,75 грама наркотична дрога-хероин, за што се пријавени двајца осуденици, кои се на издржување казна затвор во затворот „Идризово“, наведуваат од МВР.

За кривичното дело од страна на Судија на претходна постапка на четворица пријавени им е изречена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Во првиот случај Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание и преземените оперативно тактички мерки и активности за обезбедување материјални докази за лицето А.Ш.(46) од Скопје, кој од засега непознати лица од РМ, набавил поголема количина хероин, која ја препакувал за улична продажба, утврдено е дека пријавениот, хероинот најчесто го продавал на повеќе локации низ трговски центри во Скопје.

Постапувајќи по добиеното сознание, а со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени две полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин (вкупно 4,54 грама) наменети за улична продажба, како и дигитална вага и тренерки на кои се детектирани траги од хероин.

Во вториот случај Единицата за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по добиено сознание, во градскиот парк, легитимирале и извршиле личен преглед на едно лице, за кое постоеле сомнежи дека купува хероин од Б.М.(46) од Скопје и кај истиот се пронајдени 0,45 грама хероин, спакуван во една полиетиленска паковка, а пријавениот е забележан и легитимиран во непосредна близина на Градски парк и при извршен личен преглед, пронајдени му се осум полиетиленски паковки со хероин. Б.М. е лишен од слобода, а со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени вкупно 3,39 грама хероин спакуван во 23 полиетиленски паковки.

Во третиот случај полициски службеници од ПС ОН „Центар“, при извшување на редовни работи и работни задачи, забележале сомнително движење и однесување пред спортска обложувалница на лице Б.К.(26) од Штип и при извршено легитимирање и преглед му биле пронајдени пет полиетиленски паковки наркотична дрога марихуана и 32 хартиени маркици синтетичка дрога ЛСД. По лишувањето од слобода, сега пријавениот бил предаден на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, пред кои не дал појаснување од каде и по која цена ја набавил дрогата која била пронајдена кај него.

Во четвртиот случај Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиено сознание, презеде оперативно тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази за лицето А.К.(35) од Скопје, кој во текот на 2015 година неовластено заради понатамошна продажба насадил и одгледувал наркотична дрога марихуана како и неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога марихуана. Пријавениoт на падините на Водно откако предходно извршил припрема на теренот, односно исекол повеќе дрва и го оградил местото со исечените гранки, засадил повеќе семки од марихуана, по што редовно ги полевал со пластични шишиња кои самиот ги носел и поставил повеќе шишиња покрај самите стебла за наводнување на истите. По потврдување на сознанието, полициски службеници од Единицата вршеле опсервација на местото, каде го затекнале А.К. како ги полева 25-те расади марихуана. Лишен е од слобода и со наредба од Судија на претходна постапка е извршн претрес во неговиот дом, каде е пронајдено наркотична дрога марихуана со нето маса од 9.72 грама, спакувана во една полиетиленска ќеса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...