Македонската книжевност на саемите во Франкфурт, Софија и Истанбул

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) -  Со поддршка на Министерството за култура, до крајот на годинава македонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Софија и Истанбул.

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 18 октомври, е најзначаен меѓународен саем на книгата во светски рамки со застапеност на речиси сите значајни субјекти во издавачката дејност, како и на сите релевантни институции поврзани со издаваштвото, фондови за превод и публикување, национални штандови, библиотеки,... Македонија на оваа 66-та значајна саемска манифестација, како што соопшти Министерството, ќе ја претставува Здружението на издавачите и книжарите на Македонија од Скопје.

Покрај промоција на творештвото на реномираните автори од земјава, пред многубројните странски издавачи, преведувачи, агенти и посетители на Саемот во Франкфурт ќе биде посебно промовиран и Конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици кој го спроведува Министерството за култура со цел поттикнување на творештвото, афирмација на статусот на авторот и промоција на македонската култура во меѓународен контекст.

Од 7 до 15 ноември 2015 година Здружението на албански издавачи и Сојузот на албански издавачи ќе ја претставуваат Македонија на  34. Саем на книгата во Истанбул, значајна саемска манифестација во регионот на која присуствуваат издавачи од целиот свет. Презентирани ќе бидат дела од најпознатите македонски и албански автори, како и дела на автори од другите националности кои живеат во Република Македонија.

По неколкугодишна пауза, од 10 до 15 декември македонската кинижевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Софија преку Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“. Претставувањето ќе биде насочено кон презентирање на современата книжевна традиција, културната историја и културното наследство на Република Македонија. На македонскиот штанд, активностите ќе бидат насочени кон промоција на современите македонски автори со претставување на актуелните книжевни остварувања во македонската литература и претставување на најновите преводи од македонски на бугарски јазик кои се реализирани преку Конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици.

Во претставувањето на РМ на Саемот во Софија, покрај друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, активно ќе биде вклучен и КИЦ на Република Македонија во Софија, со што ќе се овозможи побогата промоција на македонската литература и култура.

Македонија е една од земјите во светот која обрнува големо внимание на унапредувањето на книжевниот амбиент во земјава и континуираното присуство на светските настани од областа на книжевната дејност. Македонското литературно творештво во изминатите години редовно беше претставувано на позначајните меѓународни саеми на книгата во Франкфурт, Софија, Москва, Гетеборг,  Лајпциг, Париз, Болоња, Тирана, Белград и Истанбул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...