Европски проект за заштита на културно историското наследство во Новаци

Новаци, 7 јули 2015 (МИА) - Општина Новаци потпиша договор со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија за продолжување на проектот „Жива историја, жива природа 2“ чија вредност е околу 300.000 евра.

Од секторот за односи со јавност на општина Новаци информираат дека до крајот на годината ќе почне комплетно реновирање на партерното уредување на рекреативниот парк на река Коњарка кај Скочивир, внатрешна реконструкција на црквата Св.Димитрија во с.Градешница, деминирање на дел од Мариовско и други активности.

- Обезбедивме континуитет на проектот за заштита на културно, историското и природното наследство на општина Новаци. Проектот се реализира со општина Алмопиа одсоседна Грција и е дел од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Во првиот дел од проектот, општина Новаци изврши реконструкција на  куќата на Калеш Анѓа во селото Старавина, црквата Св. Димитрија во Градешница, мостот и воденицата во с.Зовиќ, а со знаци беа обележани историска, природна и комбинирана туристичка патека на различни излетнички места во Мариово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...