Донација за Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Куманово

Куманово, 7 јули 2015 (МИА) - Амбасадата на Словенија денеска донираше пет комјутери за корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост, кој функционира под ингеренции на Центарот за социјални работи Куманово.
 
Донацијата во име на амбасадата на Р. Словенија во Македонија и во име на словенечкото Министерство за надворешни работи ја предаде амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец.
 
- Посебна чест ми е и задоволство да можам да ја предадам донацијата на комјутери на Центарот. Се надевам дека комјутерите ќе ги подобрат можностите за понатамошниот развој на децата, изјави амбасадорот Раковец.
 
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, изјави дека донацијата ќе овозможи подобри услови за едукација кај лицата, корисници на услугите на Дневниот центар. Тој додаде дека денешната посета на амбасадорот на Словенија ја искористиле и за разговори за проширување на соработката на општината со Амбасадата во повеќе области како економијата, образованието и културата.
 
Ивица Благојевиќ, психолог во  Дневниот центар, изрази благодарност за донацијата и нагласи дека корисниците секогаш се отворени за соработка и дружење со институциите и граѓаните. 
 
Центарот за лица со интелектуална попреченост згрижува 26 корисници на услугите. За нив се грижи стручен тим составен од психолог, дефектолог, медицинска сестра и педагог. Корисниците на услугите имаат обезбедено превоз, храна, но пред се основна цел на центарот е социјализација и интегрирање на лицата со попреченост во заедницата. Центарот функцинира од мај 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...