Средба на лидерот на ДУИ Ахмети со норвешкиот амбасадор Нилс Рагнар Камсваг

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово  имаше средба со амбасадорот на Норвешка, Нилс Рагнар Камсваг, на која разговарале за политичките случувања во Македонија и регионот, за политичкиот дијалог и кризата во која се наоѓа земјата и за нејзината евроатлантска интеграција.
 
Партијата соопшти дека Ахмети го запознал норвешкиот амбасадор за политичките ставови и нагласил дека ДУИ ги ставила државните интереси пред партиските интереси бидејќи „бара трајно решение за сите граѓани и за државата“. 
 
- Сите договорени реформи од локалните лидери ќе ја приближат земјата до европските стандарди но, исто така, ќе ги направат институциите во земјата подоверливи за граѓаните. Исто така, лидерите се согласија за Охридскиот договор, меѓуетничките односи и евроатлантската интеграција. Затоа, одговорноста на двајцата македонски лидери е многу голема и сите граѓани отчекуваат тие да ги надминат меѓу себе што е можно поскоро, за земјата да се движи напред. Брзото решавање на кризата, исто така, помага да се врати фокусот на евроатлантската агенда, која е приоритет за сите нас, информира ДУИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...