Топлотен стрес кај растенијата поради високите температури

Скопје, 27 јули 2015 (МИА) - Топлото време со преку 35 степени што ја зафати Македонија, ниската  релативна влага на воздухот и појавата на ветер, предизвика топлотен стрес кај растенијата.



Според агрометеоролозите, на удар се пролетните култури, градинарските, фуражните, како и окопните, кои имаат плиток коренов систем и се во фаза на генеративен развој. Кај овошките и виновата лоза состојбата е подобра поради подлабокиот корен.

Високите темеператури, освен што може да се одразат врз квалтетот на плодот и вкупниот принос, може да предизвикаат и појава на болести и штетници.

- Високите температури предизвикуваат зголемено испарување, односно губење на водата од почвата, но и од растението во процесот на транспирација.  Ваквата состојба резултира со топлотен стрес кај земјоделските култури, се зголемува потребата од потрошувачка за вода,  прекин на фотосинтетската активност и успорување на разавојот, вели вели Силвана Стефкова од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пресметките на УХМР за минатата недела покажуваат дека во текот на денот потенцијалано се губат од 6.08 до 8.56 милиметри вода. Овие вредности се многу поголеми кај културите со поголема, развиена лисна маса.

- Со намалување на резервите за вода во почвата, доаѓа до појава на суша. Ова го покажува и пресметката на стандардизираниот индекс на суша со кој се оценува метеоролошката суша, а пресметаните вредности покажуваат тендеција од умерена кон јака суша, истакнува Стефкова.

Долготрајното дејство на сонцето и недостатокот од вода може да предизвика и површински оштетувања на листот, младите ластари и зрната во фаза на прошарок кај виновата лоза, на дел од овошните плодови особено на јаболките и крушите (формирање мали плодови со недоволна сочност и вкус).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...