„Битола Шекспир фестивал“ завршува со „Ромео и Јулија“ на Драмски театар од Габрово

Битола, 28 јули 2015 (МИА) - Третото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Ромео и Јулија“ која вечер на сцената на Битолскиот театар ќе ја изведат актерите од Драмски театар-Габрово, Бугарија.

Станува збор за претстава која во 2014 година во Бугарија беше прогласена за најдобро театарско претставување, беше посочено во пресрет на вечерашното затворање на фестивалот во Битола.

- Ние сме театар кој во последните три години се покажа како еден од најпровокативните театри во Бугарија. И покрај големата и тешка криза со која во моментов се соочува и минува бугарскиот театар, сепак во Габрово не се намалуваат големите очекувања и верувам во убава театарска иднина. Вечер ќе настапиме со „Ромео и Јулија“ со класичната приказна за љубовта, во која настапува млада актерска екипа и која со поканата да гостува во Битола доби големо признание за учество на голем фестивал, истакна Петринел Гочев, режисер на претставата.

Годинава на „Битола Шекспир фестивал“ настапија два театра од Македонија и четири театри од Бугарија, Србија, САД и Холандија, а се одржа и театарска работилница со која почна развивањето на драмски текст инспириран од сонетите на Шекспир.

„Битола Шекспир фестивал“ и годинава се одржа под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...