Забраната за движење во шума до 5 август, казните 2.000 евра

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува граѓаните дека се уште е во сила ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси.

Ограничувањето важи за сите, од 22 јули до 5 август 2015 година во термин од 7:00 до 17 часот, освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

- Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ниту за организирана тура туристи кои ги разгледуваат шумите и националните паркови во придружба на претстваник од „Македонски шуми“ или Националните паркови, нагласува МЗШВ.

За непочитување на  забраната, физичките лица затекнати во шума без дозвола ќе бидат казнети со глоба од 1.500 до 2.000 евра.

МЗШВ потсетува и дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на оваа забрана се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...