Конституиран Советот на општина Пустец, претседател Ирена Василевски од МАЕИ

Пустец, 31 јули 2015 (МИА) - Во општина Пустец, единствената македонска општина во Албанија по новиот закон за територијална поделба, конституиран е новиот Совет на општината. Советот во наредните четири години ќе го раководи Ирена Василевски од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Во Советот на општината македонската партија МАЕИ има седум членови, а заедно со партнерите од левата изборна коалиција дури 12, додека тројца советници се од десната коалиција.

И двете потпретседателски места во Советот ги добија жени, Аделина Дума од Движењето за социјалистичка интеграција (партија на Илир Мета) и Аделина Терпо, од Социјалистичката партија на  актулениот премиер Еди Рама, кои беа во изборна коалиција со МАЕИ. За преставник на општина Пустец во Округот во Корча избран е Васил Стерјовски.

На конститутивна седница присуствуваа и префектот на Корча, Ардит Кономи, пратенците во албанскиот парламент, Илир Пендавињи од Социјалистичка партија и Пиро Капурани од Движење за социјалистичка  интеграција.

Инаку, формално третпат со општината ќе раководи Едмонд Темелко, кому неговите сограѓани му  дадоа максимална подршка, со 80 отсто од гласовите, на локалните избори одржани на 21 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...