„Слуга на двајца господари“ - копродукција на Турскиот и Албанскиот театар од Скопје

Охрид, 31 јули 2015 (МИА) – Првата половина од годинешното 40-дневно фестивалско патување „Охридско лето“ ќе ја заокружи со театарска премиера, со изведбата на комедијата „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, копродукциски проект на Турскиот театар и на Албанскиот театар од Скопје.

Претставници на двете театарски куќи на денешната прес-конференција изразија огромно задоволство што повторно се дел од „Охридско лето“ и на тој начин одбележуваат значајни јубилеи – 65 години од постоењето на двете театарски куќи, се разбира и јубилејот – 55 години „Охридско лето“.

Директорот на Турскиот театар Атила Клинче за оваа копродукција, прва од осамостојувањето на Република Македонија наваму, рече дека реално произлегува од блискоста на двете куќи.

-   Сметавме дека токму комедија би била најдобриот начин како да ја прославиме годишнината на двете куќи. Направивме драматуршка интервенција на дело на Голдони, претставата се игра на турски, албански и на македонски јазик, така што на тој начин публиката во практика ќе можат да види измешаност на јазици, но и култури, рече Клинче.

Адем Карага, неговиот колега од Албанскиот театар од Скопје, рече дека театарските куќи, актерските екипи се толку испомешани меѓу себе што на моменти дури и забораваат дека се заедно.

- Навистина ме радува што после толку години излегуваме со заедничка претстава. Се работи за прекрасно дело што ја отсликува реалноста во нашето општество, сето овозможено како од блискоста на актерските екипи на двата театари, се до начинот на што ни беше овозможено од страна на режисерот Јуџел Ертен, истакна тој.

Режисерот на претставата Ертен, кој зад себе има богата театарска кариера, и како режисер и како драматург, за оваа негова поставка рече дека е наменски избрана за да го прослави јубилејот на двете театарски куќи.

- Голдони го избрав затоа што неговото дело го отсликува народниот театар, претставен како литература. Тоа ни овозможува да дознаеме како се играле претставите во времето пред 250 години кога го создавал. Но, истовремено, тој народски театар, дава можност онаа дисциплинирана литература да ја играме на начин близок до публиката, рече Ертен, нагласувајќи дека во претставата дал можност да се презентира веселоста на театарската игра, враќање кон спонтаноста во нејзината изведба.

Ертен, кој е присутен во Македонија повеќе од 25 години и, како што рече, веќе добро ја познава театарската сцена тука, забележа дека од секогаш му бил првилечен тој амалгам, таа испреплетеност на јазиците во Македонија, нивната меѓусебна поврзаност.

Самата претстава се изведува на три јазици, но е така осмислена да користи фрази што се разбирливи за гледачите од било кое јазично подрачје.

Претставата „Слуга на двајца господари“ ќе се игра на сцената во Предворјето на црквата Света Софија, со почеток во 21 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...